Совршен ручек: Пилешко во сос од црвени печени пиперки

Совршен ручек: Пилешко во сос од црвени печени пиперки

Пилешкото во комбинација со печени црвени пиперки е јадење кое ќе ве освои на прв залак!

Состојки:

  • 1 пиле
  • 6 црвени печени пиперки
  • 2 главици кромид
  • 150 мл пилешки бујон
  • 200 мл павлака
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр домати пелати
  • 1 лажичка црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Пилето исечкајте го на парчиња. Лукот исечкајте го па измешајте го со слатка и лута пипер, додајте неколку лажици супа, измешајте и направете маринада. Парчињата пилешко прелијте ги со маринада, добро истријте ги, па оставете ги во фрижидер на еден час.
  2. Пилешкото пропржете го од сите страни, па ставете го во огноотпорен сад. Во истата маснотија издинстајте кромид, додајте исечкани печени пиперки, измешајте, налијте супа и домати, оставете да крчка додека половина од супата не испари, па прелијте преку месото.
  3. Додајте и павлака, па ставете во рерна загреана на 220 степени и печете околу 1 час. Послужете со компир пире или ориз.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text