Оваа погача се подготвува со јогурт, кој на тестото му дава убава мекост и беспрекорен вкус.
Состојки:
- 2 јајца
- 2 дл јогурт
- 230 гр брашно
- 130 мл сончогледово масло
- 1/2 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Со миксер разматете едно јајце и една белка, додајте јогурт и 130 мл масло. Додајте 230 гр меко брашно, прашок за печиво, сол и сè измешајте со миксер на најмала брзина.
- Намастете и посипете со брашно плех со големина 20х30 см, па ставете ја смесата.
- Премачкајте со разматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот