Омилениот десерт на нов начин: Рафаело топчиња

Омилениот десерт на нов начин: Рафаело топчиња

Има ли подобра комбинација од кокос и млечен крем. А ако додадете и лешник или бадем, совршенството е целосно.

Состојки:

  • 200 гр посно сирење
  • 200 гр кокосово брашно
  • 1 мерка whey протеин со вкус на ванила
  • стевија (по желба)
  • бадеми

Начин на подготовка:

  1. Бадемите ставете ги во топла вода и оставете ги да се зготват на минута како би ја тргнале горката кора.
  2. Во посното сирење измешајте мерка whey протеин па полека додајте кокосово брашно постојано мешајќи додека не добиете цврста и крута смеса која лесно ќе ја обликувате со раце.
  3. Со лажица одвојте парче по парче од смесата, во средина ставајте по еден излупен бадем, па со раце обликувајте топчиња.
  4. Топчињата оставете ги во фрижидер најмалку еден час да се стврднат и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text