Проја со фета сирење – Коцки кои може да ги понесете на работа

Проја со фета сирење – Коцки кои може да ги понесете на работа

Направете вкусна проја со фета сирење за добро утро, идеална и да ја понесете со себе за појадок на работното место или како ужина.

Состојки:

  • 200 гр пченично брашно
  • 50 гр гриз
  • 50 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 5 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 250 гр фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Гризот, брашното, пченичното брашно и солта се соединуваат во сад, а јајцата одделно се матат, па им се додаваат, млекото, маслото, јогуртот и прашокот за пециво, а потоа и машавината од гриз, брашно, пченично брашно и сол..
  2. Се додава и фетата на мали коцки.
  3. Се става смесата во подмачкан плех, па се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба