Нугат торта во царство од лешници

Нугат торта во царство од лешници

Сјајна торта која никого не остава рамнодушен…

Состојки за кора:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 3 лажици презла
  • 1 лажица брашно
  • 150 гр печени лешници

Состојки за првиот фил:

  • 12 жолчки
  • 12 лажици шеќер
  • 250 мл млеко
  • 4 лажици густин
  • 1 маргарин
  • 100 гр крупно рендано бело чоколадо

Состојки за вториот фил:

  • 350 гр шлаг
  • кисела вода
  • 250 гр печени лешници
  • 100 гр црно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете 12 белки со 12 лажици шеќер, па додајте 3 лажици презла, 1 лажица брашно и 150 гр печени издробени лешници. Испечете една кора.
  2. Згответе на пареа 12 жолчки, 12 лажици шеќер, 250 гр млеко и 4 лажици густин. Во изладениот фил додајте и 1 маргарин и 100 гр крупно рендано чоколадо. Ставете го филот преку кората.
  3. Преку овој фил ставете уште еден фил: 350 гр шлаг разматете со кисела вода, па додајте 250 гр печени издробени лешници и 100 гр црно рендано чоколадо. Украсете со шлаг и послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text