Направете зимски сочен десерт со јаболка, кои се топат во уста.
Еве ги состојките кои ви се потребни и начинот на подготовка:
Состојки:
- 5 јаболка
- 50 гр сечкани ореви
- 50 гр сечкани смокви
- 50 гр суво грозје
- 2-3 лажици џем од кајсии
Состојки за карамел крем:
- 300 гр шеќер
- 50 гр маргарин
- 100 гр павлака (слатка или кисела)
Начин на подготовка:
- Јаболката се мијат и длабат, а сувото овошје се става во јаболката и меѓу нив во садот, па се става и џемот и оревите. Се става и малку шеќер одозгора.
- Се покрива садот со фолија и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
- За карамел кремот се топи шеќерот на оган додека не добие кафена боја, се додава маргарин и павлака. Се меша да се соедини.
- Печените јаболка се полеваат со ова смеса.
Повеќе детали погледнете во видеото:
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет