Највкусна пилешка тава – Цело семејство ќе сака парче повеќе

Највкусна пилешка тава – Цело семејство ќе сака парче повеќе

Направете вкусна пилешка тава за цело семејство.

Ручек за чиста десетка, а еве како да го приготвите.

Состојки:

  • 1 пиле (сварено, а потоа месото исечкајте го на парчиња)
  • 1 тегла печурки
  • 1 шолја ориз
  • 2 главици кромид
  • 2 мали павлаки
  • 3 јајца
  • сол
  • бибер
  • вегета
  • црвен пипер
  • 1 шолја вода
  • 1 лажица брашно
  • кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Се пржи кромидот во подлабока тава, се ставаат и печурките и оризот, зачините и сè се пржи заедно со мешање 2-3 минути.
  2. Се става во земјена тава, се додава водата и се остава да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
  3. Се вади потоа тавата и се става во неа пилешкото исечкано на парчиња, малку брашно разматено во вода и се остава тавата во рерна уште 15 минути.
  4. Пак се вади тавата и се става и рендан кашкавал и се остава да се пече дополнителни 15 минути.
  5. Пред да биде готово се прелива со смеса од павлаката и јајцата, се боде со вилушка во содржината во тавата и се пече уште 10 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

singlepost_text