Леб со банани, ореви, како и суви сливи

Леб со банани, ореви, како и суви сливи

Неодолив вкус, леб кој ќе го обожава цело семејство!

Состојки:

  • 4 зрели банани
  • 100 мл сок од лимон
  • 80 гр путер
  • 5 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 3 лажици какао
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3,5 шолји пченично брашно
  • 1/2 шолја сечкани ореви
  • 1/2 шолја сечкани суви сливи

Начин на подготовка:

  1. Бананите испасирајте ги и прелијте ги со сок од лимон. Брашното измешајте го со какао, сода бикарбона и прашок за печиво. Путерот растопете го и оставете го малку да се излади.
  2. Јајцата пенасто разматете ги со шеќер, додајте банани и со непрекинато мешање додајте путер и останатите состојки.
  3. Сите состојки добро соединете ги да се добие компактна смеса. На крај додајте сечкани ореви и суви сливи, измешајте и смесата ставете ја во калап за леб, обложен со хартија за печење.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се излади.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text