Полжавчиња на посебен начин – Рецепт за 20 минути

Полжавчиња на посебен начин – Рецепт за 20 минути

Вкусен појадок за добар старт на денот. Направете полжавчиња со мак, ова е сè што ви треба:

Состојки:

  • 30 мл масло
  • 2 кесички сув квасец
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 800 гр брашно
  • 400 мл млеко

За премачкување:

  • 100 гр маргарин
  • 3 лажици павлака или кајмак

Дополнително:

  • 2 јајца
  • мак

Начин на подготовка:

  1. Во сад се ставаат млеко кое треба да е млако, шеќер, квасец, па се остава да се активира квасецот во оваа смеса.
  2. Се додавато масло, јајца, сол, се меша, па постепено се додава брашно.
  3. Се меси тесто кое не треба да се лепи за рацете.
  4. Оставте го тестото покриено во сад со крпа да нарасне околу 15 минути.
  5. Се дели тестото на 6 топчиња, секое се развлекува малку, се премачкува со растопен маргарин, па се става друго тесто горе, се мачка павлака или кајмак и се прави ролат или полжавче.
  6. Се кршат две јајца во сад и се матат со виљушка, па се премачкуваат полжавчињата и убаво се поминуваат од двете страни во чинија со мак.
  7. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал