Мисиркини медаљони – вкусни залаци кои сите ги обожаваат

Мисиркини медаљони – вкусни залаци кои сите ги обожаваат

За следниот ручек подгответе вкусни мисиркини медаљони – лесно се прават, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 1 помала тиквица
  • 200 гр мисиркино мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата изрендајте ја, посолете ја и исцедете ја од вишок течност. Кромидот ситно исечкајте го, а мисиркиното месо иситнете го.
  2. Измешајте исцедена тиквица и мелено месо, па додајте малку сол, кромид и маслиново масло. Сè убаво соединете. Потоа наполнете калапи за мафини и печете во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути.
  3. По желба посипете со рендан кашкавал и вратете накратко во рерна, додека кашкавалот не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте