Кременадли во вкусна маринада – Тава за половина час

Кременадли во вкусна маринада – Тава за половина час

Вкусен ручек со месо на менито – Сочни кременадли во маринада.

Еве ги состојките и како да го приготвите:

Состојки:

  • 5 свински кременадли
  • сол
  • бибер

Состојки за маринада:

  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 1/2 дл јаболков оцет
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 дл вода

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите се одвојуваат од коските, се подготвуваат со чекан за месо и се става сол и бибер на нив.
  2. Се спрема маринадата со сите состојки кои се ставаат во сад и се мешаат.
  3. Премачкајте ги кременадлите од двете страни со маринадата.
  4. Се редат во огноотпорен сад, а над нив се сипува преостанатата маринада.
  5. Се оставаат 30 минути да отстојат, па се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
  6. Се вртат од другата страна и се печат уште 15 минути.
  7. Се послужуваат со компир, ориз, мешано вариво или прилог по ваш вкус.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо