Изненадување за сите љубители на слатки: Чудесен кох со карамел прелив

Изненадување за сите љубители на слатки: Чудесен кох со карамел прелив

Ќе уживате во единствените сочни залаци од овој неверојатен десерт!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 8 лажици гриз
  • 800 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со 4 лажици шеќер, додајте жолчки и гриз.
  2. Намастете куглоф или округол плех, ставете ја смесата и израмнете. Печете на 200 степени околу 30 минути.
  3. Во тенџере ставете шеќер и растопете го на слаб оган. Кога ќе добие фина карамел боја, додајте млеко, ванилин шеќер и оставете да зоврие.
  4. Кога кохот ќе се испече, полека прелијте го со врел карамел и оставете да впие.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text