Еве рецепт за одличен доручек или вечера…
Похованата пита е одличен рецепт за доручек или вечера, кога ви се јаде нешто топло. Преубави солени залаци, крцкави од надвор, меки и сочни од внатре.
Состојки:
- 1/2 кг тенки кори
- 200 гр сирење
- 3 јајца
- 100 гр брашно
- 100 гр презла
- масло
Начин на подготовка:
- Сирењето издробете го и додајте јајце, кората раширете ја и малку пропрскајте ја со масло, па преку неа ставете друга кора и на средина лажица сирење.
- Свиткајте како што е прикажано во видеото.
- Јајцата разматете ги па питата потопете ја во јајца, брашно и презла и редете во намастен плех.
- Од горе малку пропрскајте со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20-28 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи