Пита со карфиол – Посложен рецепт, но вкусот е одличен

Пита со карфиол – Посложен рецепт, но вкусот е одличен

Сте јаделе многу видови на пита, но дали и по ваков рецепт?

Пита уживање со карфиол. Одличен викенд рецепт, а еве како да ја приготвите:

Состојки:

  • 1 карфиол
  • 3 јајца
  • 3 дл јогурт
  • 3 лажици масло
  • 350 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 1/2 лажичка сода
  • 1 лажица магдонос
  • 1 лажичка вегета
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 рендан морков
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот се чисти, се двојат цветови, потоа се мие и се става во ладна вода да се вари. Кога ќе почне да врие, се цеди и се става нова врела вода во која се додава сол и се вари дополнителни 10 минути.
  2. Не треба да е целосно варен бидејќи ќе се пече.
  3. Се вади од водата и се остава да се излади.
  4. Се грее рерната на 220 степени, а во сад се матат јајца со сол, масло, јогурт, бибер и магдонос, па вегета и морков.
  5. Се меша се во садот па се додава брашното со прашок за пециво и сода.
  6. Се премачкува плех со брашно, се става хартија за печење, па се става смесата, а преку неа се распоредува карфиолот.
  7. Парчињата карфиол се втиснуваат во смесата и се остава да се пече околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Проверувајте да не изгори, а печете по вкус.
  8. Пред крајот на печењето се става кашкавал и се остава додека да се стопи во загреаната рерна.

 Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ова е тајната на совршена домашна пита: Тајната не е во корите, туку…

Брза пита со готови кори по најдобар рецепт