Највкусен рецепт за пита со јаболка – Крцкава и мека

Највкусен рецепт за пита со јаболка – Крцкава и мека

Направете вкусен десерт за сите сетила. Пита со јаболка на на вкусен начин.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 1 кг јаболка
  • 1 шолја јогурт
  • 3 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 150 гр ореви
  • малку цимет
  • 1/2 шолја масло
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во сад се ставаат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па јогуртот, гризот, маслото и прашокот за пециво. Се меша додека смесата да стане хомогена.
  2. Во друг сад се ставаат изренданите јаболка, кои претходно треба да се лупени и исчистени. Се додаваат оревите и циметот.
  3. Се земаат по две кори и на еден дел се премачкуваат со филот од првиот, а на останатиот дел со филот од вториот сад.
  4. Корите се виткаат и се ставаат во подмачкан плех за печење.
  5. Се повторува постапката додека има кори.
  6. Се пече во загреана рерна на 180 степени додека да поруменат.
  7. По вкус можете најгоре да наросите шеќер во прав или ванилин шеќер.

Уживајте во овој неодоливо вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Колачи за 15 минути

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава