Во оригиналниот рецепт за проја не се додава ни сирење, ни јајца, ни месо и слично, така што е идеална за пост.
Вистинската проја се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода.
Начин на подготовка:
- Во брашното ставете млака вода со разматен прашок за печиво и додајте една лажичка сол. Масата треба да биде нешто погуста од тесто за палачинки.
- Измешајте сè со лажица и ставете во намастена тепсија, ставете во однапред загреана рерна на 230 степени, околу 15-20 минути, односно додека не фати кора на површината.
- Испечената проја пропрскајте ја со вода, прекријте ја со кујнска крпа и оставете да се излади.
- Изладената проја исечете ја на коцки или триаголници и послужете ја насместо леб, со сарма, подварок, полнети пиперки или издробете ја во јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот