Ресана ролат – Вкусен десерт без печење, лесно и брзо за подготовка

Ресана ролат – Вкусен десерт без печење, лесно и брзо за подготовка

Лесен за подготовка десерт од вашата кујна. Направете ресана ролат кој е лесен и вкусен.

Еве ги состојките и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 1 кг ресана по вкус
  • 150 гр ореви сечкани
  • 150 гр мелени ореви
  • 1 портокал
  • 200 гр млеко
  • 250 гр маргарин или путер
  • 1 чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Ресаната се сече на четири дела и се става во длабок сад, па се додаваат во садот и сечканите ореви, сокот од еден портокал и мелените ореви.
  2. Млекото ставете го на оган и растопете го маргаринот/путерот во него, па додадете ги во садот.
  3. Добро се меша, па се става смесата во правоаголен коцкаст плех или како ролат.
  4. Се става во фрижидер да се стегне, па потоа на оган се растопува чоколадото со малку масло и се полева ролатот, па се сечат парчиња или тркалца.

Уживајте во овој вкусен десерт кој брзо се прави 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Колачи за 15 минути

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава