Мафини со вишни и мак: За брзи и слатки прилики

Мафини со вишни и мак: За брзи и слатки прилики

Мафините се сјајна идеја кога ќе посакате нешто слатко – едностани за подготовка, спој од омилените состојки и брзо се готови.

Состојки:

  • 240 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • 200 мл млеко
  • 120 гр путер
  • 1 шолја компот од вишни
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица мелен мак
  • 1 лажичка сол
  • 2 јајца
  • кора од портокал

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво и сол.
  2. Во друг сад разматете млеко и јајца и додајте растопен путер, мак и изрендана кора од портокал. Направете вдлабнатина во смесата од суви состојки и во неа додајте ги влажните состојки.
  3. Добро измешајте и додајте вишни.
  4. Печете во калапи 25 минути на 200 степени.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text