Зимски десерт: Бисквит со ароматични зачини

Зимски десерт: Бисквит со ароматични зачини

Едноставен и брз за подготовка, овој бисквит колач со ароматични зачини неодоливо потсетува на омилените медењаци, а подготвен на овој начин ќе биде помек и посочен.

Содржи пет сезонски зачини, мед и лимон, а иделен е со секоја топла напивка.

Состојки:

  • 200 гр кафеав шеќер
  • 80 гр мед
  • 1 лажица ѓумбир во прав
  • 2 лажички цимет
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 220 гр брашно
  • 225 гр путер
  • 200 мл млеко
  • 3 јајца
  • сок од половина лимон
  • прстофат мелено каранфилче
  • прстофат мускатно оревче
  • прстофат бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте кафеав шеќер, мед, ѓумбир, цимет, прашок за печиво, сол, мускатно оревче, каранфилче, бибер и јајца. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
  2. Растопете путер, па додајте го во смесата.
  3. Додајте брашно, а на крај и млекото кое сте го измешале со сок од лимон.
  4. Добро измешајте како би ги разбиле грутките и префрлете во калап за печење.
  5. Печката загрејте ја на 180 степени и печете го колачот околу половина час, додека не стане цврст.
  6. Изладете, послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта