Здрава кремпита – десерт за спортисти

Здрава кремпита – десерт за спортисти

Овој рецепт за кремпита е одличен за спортисти бидејќи содржи квалитетни аминокиселини и јаглехидрати, а идеален е и за лица кои не консумираат млеко.

Состојки:

  • 10 јајца
  • 300 гр кафеав шеќер во прав
  • 350 гр пченкарен скроб
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 10 дл вода
  • 15 дл сирутка
  • 1/2 пакетче лиснато тесто за 2 кори
  • 100 гр кафеав шеќер во прав за белките

Начин на подготовка:

  1. Развлечето лиснато тесто во две кори и печете на 180 степени 15 минути.
  2. Исечете една кора со големина на лимот.
  3. Згответе сирутка, пченкарен скроб, жолчки, кафеав шеќер и ванилин шеќер. Кога смесата ќе згусне, тргнете од оган и лесно мешајќи додајте цврст снег од белки.
  4. Смесата излејте ја во калап и изладете. На врвот ставете ја другата кора.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text