Потпечени макарони со мелено месо – Тава деликатес

Потпечени макарони со мелено месо – Тава деликатес

Направете вкусен ручек со тестенини и мелено месо од рерна.

Еве ги состојките и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 350 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 250 мл доматно пире
  • 2 јајца
  • малку масло
  • 150 мл јогурт
  • 1 лажица кисела павлака
  • сол
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Макароните се варат во солена вода според упатството, па се цедат. Се чисти и ренда морковот, а на масло се пржи меленото месо со зачините, па се додава и морковот. Се става и половина шолја вода и се остава да се динста.
  2. Во огноотпорен сад се ставаат половина од макароните, па месото, па доматно пире, па останатите макарони.
  3. Се матат во посебен сад јајцата со павлаката и јогуртот, па се меша сè и се става врз макароните.
  4. Се пече околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

Потпечен зеленчук со макарони

Макарони со пилешко – кремава тава

Посебен рецепт за макарони

Нова идеја за тестенини

Ваков деликатес со макарони не сте јаделе

бел сос за макарони од две состојки

Запечени пица макарони

singlepost_text