Направете вкусни ќебапчиња со пиво.
Еве ги состојките и начинот на подготовка:
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 5 чешни лук
- 2 лажички сода бикарбона
- сол
- 2 лажички бибер
- 1 дл кисела вода
Состојки за прелив:
- 2 дл пиво
- 1 лажица вегета
- 1 лажиче бибер
- магдонос
- масло
Подготовка:
- Во меленото месо се додава ситно изрендан лук, па сода бикарбона, сол и бибер и киселата вода.
- Се меша и се става смесата во сад, па се остава еден час во ладилник да отстои.
- Се прават ќебапи и се редат во плех подмачкан со масло, и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
- Пред да ги извадите се полеваат со смесата за прелив. Таа се спрема така што сите состојки се мешаат во сад.
- Откако ќе ги прелеете со смесата се печат дополнителни 5 минути на истата температура.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: