Ви донесуваме едноставен рецепт за јајца во маринара сос. Необично, а вкусно јадење!
Состојки:
- 3 домати
- 1 главица црвен кромид
- сол
- бибер
- оригано
- маслиново масло
- 3 јајца
- сирење
Начин на подготовка:
- Исчистете го кромидот па ситно исечкајте го. Доматите кратко избланширајте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
- На маслиново масло продинстајте го кромидот на умерена температура да стане мек и провиден.
- Во тоа додајте го подготвениот домат, зачинете и динстајте со редовно мешање додека не испари вишокот течност (десетина минути).
- Загрејте ја рерната на 220 степени. Во огноотпорен сад префрлете го динстаниот зеленчук, направете мала вдлабнатина, додајте сирење, јајца и преку јајцата изрендајте уште малку сирење.
- Печете 15-тина минути, декорирајте со магдонос или босилек и послужете со леб.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути