Домашен бурек по традиционален рецепт (Видео)

Домашен бурек по традиционален рецепт (Видео)

Еве како на едноставен и брз начин да го подготвите омилениот пекарски производ и дома.

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 250 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • бибер
  • сол
  • масло
  • 200 мл млака вода
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете главица кромид, додајте месо, сол и бибер. Округла тепсија обложете со хартија за печење или само намастете ја со масло, па на дното ставете една кора и намастете. Сите следни кори премачкајте ги со масло, згужвајте и наредете ги во плехот.
  2. Во вода ставете прашок за печиво па со раце малку потфатете ги корите, а потоа посипете пржено месо и по истиот редослед наредете ги корите. Со последната кора прекријте го бурекот, пропрскајте го со вода и премачкајте го со масло. Печете на 200 степени 35 минути. На половина од печењето прекријте со фолија.

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text