Одличен рецепт кој можете да го консумирате и во солена и во слатка варијанта…
Состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша кисело млеко или павлака
- 1 кесичка прашок за печиво
- 16 лажици брашно
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Добро разматете јајаца и кисело млеко.
- Додајте брашно и прашок за печиво и сè добро измешајте за масата да биде глатка и малку погуста од смеса за палачинки.
- Пржете на врело масло. Внимавајте при пржењето на јачината на температурата, не смее да биде ни многу јака, ни слаба, бидејќи ако е многу јака ќе изгорат од надвор, а внатре ќе останат непржени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи