Ако сакате промена во кујната: Брз десерт со шеќер во прав

Ако сакате промена во кујната: Брз десерт со шеќер во прав

Ако ви здодеа од бомбици, торти и чоколади, време е да пробате нешто вкусно и ново во вашата кујна, кое ќе биде на листата на омилени десерти на семејството и најблиските.

Малку потребни состојки, малку време, а супер вкус – еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • малку сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 2 шолји мелени бисквити или плазма
  • малку рум

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки се ставаат заедно во сад и се матат со жица, додека да се изедначат.
  2. Се загрева масло во тава, се прават топчиња и се пржат во врелото масло.
  3. Се ставаат потоа на салфета за да се впие маснотијата.
  4. Топчињата правете ги со лажица за сладолед, но внимавајте да не ја преполните, за да не се направат при пржењето остатоци од тестото околу топчето.
  5. Се ладат малку, им се става шеќер во прав и се послужуваат. По вкус можете да им ставите одозгора и кокос.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Колачи за 15 минути

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

singlepost_text