Не знаете што да зготвите за ручек? Ви донесуваме едноставен рецепт за пилешко кое се топи во уста…
Состојки:
- 450 гр пилешки гради
- 100 гр брашно
- 2 лимони
- 2 лажички маслиново масло
- 100 мл пилешка супа
- 2 лажички путер
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- свеж магдонос
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Во чинија измешајте брашно, сол, бибер и кора од еден лимон. Ставете ги во таа чинија пилешките гради исечени на шницли и свртете ги додека површината во целост не биде прекриена со мешавина од брашно и зачини. Исечете еден лимон на парчиња.
- Во поголема тава на умерена температура загрејте маслиново масло. Додајте го пилешкото и пржете го 5 минути додека едната страна не добие златно-смеѓа боја.
- Свртете ги пилешките гради, прелијте ги со пилешка супа, путер, лук и парчиња лимон. Ставете го пилешкото во рерна и печете го уште 10-15 минути.
- Послужете со сосот од тавата и по желба додајте малку исечкан магдонос.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна