Направете домашен и вкусен пица бурек со туна, а еден додаток го менува вкусот на кој сме навикнати.
Одличен начин да се почне денот, а еве го рецептот:.
Состојки:
- 500 гр кори за пита
- 2 конзерви туна
- 150 гр кашкавал
- 150 мл кечап
- 50 мл кисела вода
- 50 мл масло
- 1 лажичка прашок за пециво
- оригано
Начин на подготовка:
- Кашкавалот се ренда, а во чаша се мешаат киселата вода и маслото, па се додава прашокот за пециво.
- Во тркалезна тепсија се става првата кора, па малку од течната смеса и кечап, па туна и рендан кашкавал. Се става и оригано.
- Се става и следна кора, така што краевите да излегуваат од тавата. Ставете уште две кори така, повторете ја постапката со смесата со кисела вода и кечап и кашкавал и туна, преклопувајте ги корите како за бурек.
- Превртете го бурекот на поголем плех кога ќе ги ставите сите кори, па ставете масло во плехот од кој го извадивте бурекот и вратете го таму.
- Премачкајте го и одозгора со масло и кисела вода, па ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми