За следниот ручек ви предлагаме одличен рецепт – јунешки шницли и спанаќ, јадење кое ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 400 гр јунешки шницли
- 2 јајца
- малку брашно
- малку презла
- 200 гр презла
- 200 гр спанаќ
- 100 мл млеко
- малку брашно
- сол
- бибер
- сув зачин
- 2 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Лукот ситно исечкајте го па издинстајте го. Додајте спанаќ. Зачинете.
- Во чинија измешајте млеко и малку брашно. Пред крајот на динстањето во спанаќот додајте млеко и брашно. Мешајте додека сè не се соедини.
- Месото исчукајте го, зачинете го, извалкајте го во брашно, јајца, презла. Печете 25 минути на слаб оган.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо