Направете нешто ново, посебно и вкусно. Бургери од тава какви што не сте пробале.
Еве го рецептот:
Состојки:
- 600 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 јајце
- бибер
- масло
- сол
Додатоци:
- јајца
- кашкавал
- масло
Начин на подготовка:
- Кромидот ситно се сече, се меша со мелено месо, солта, биберот, малку масло и јајцето. Се меша и спојува смесата, па се остава во фрижидер да отстои.
- Со рака се формираат плескавици, кои се пржат во добро загреано масло.
- Се пржат од едната страна, се вртат, па додека не е целосно испржена другата страна се става јајце на средина. Потоа се остава да се испржи јајцето „на око“ и се вади плескавицата
- Во секој бургер оди едно јајце.
- Ги ставате плескавиците така што одозгора е страната со прженото јајце врз кое се става кашкавалот да се растопи.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: