Деликатесна тава: Риба со зеленчук на денешното мени

Деликатесна тава: Риба со зеленчук на денешното мени

Рибата е многу вкусна, но и здрава за јадење, па затоа докторите и нутриционистите често ја препорачуваат.

Направете риба деликатес со зеленчук. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 600 гр ослич филети
  • 4 домати
  • 4 главици кромид
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200 степени, а во меѓувреме се подготвува зеленчукот.
  2. Се сечат доматите на кругови, а исто така и кромидот.
  3. Се зема тава и се редат доматите и кромидот на дното, па филетите ослич.
  4. Се ставаат маслото и зачините, па се пече 30-40 минути.
  5. Пред послужување додајте и магдонос. Одлично е во комбинација со варен компир.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Совршен рецепт за риба деликатес

Риба во сос од сенф

ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба

Малку време за деликатес: Риба полнета со компир

Поздрава е од што се мислеше – зошто да јадете риба често?

Вкусен риба деликатес од рерна

singlepost_text