Направете вкусни и топли кроасани од кои ќе ви мириса целиот дом. Кој би можел да одолее?
Состојки:
- 400 мл млака вода
- 3 лажици шеќер
- 1/2 коцка квасец
- 800 гр брашно
- 3 мали шолји масло
- 250 гр маргарин
- 200 гр посно чоколадо
Начин на подготовка:
- Во млаката вода се додаваат шеќерот, квасецот, маслото и брашното, па се замесува тесто.
- Веднаш се дели на два дела, па се развлекува кора, се ренда половина од маргаринот и 100 грама чоколадо.
- Се прави ролат, се витка како полжав, па се развлекува повторно и се сече како за триаголници.
- Се прави истото и со вториот дел од тестото.
- Се редат кроасаните на плех и се оставаат да нараснат.
- Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути