Сочна прелиена пита со јаболка (Видео)

Сочна прелиена пита со јаболка (Видео)

Испробајте го овој брз и едноставен рецепт и израдувајте ги вашите домашни…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 4 поголеми јаболка
  • 300 гр шеќер
  • лимон
  • ванилин шеќер
  • цимет
  • 100 гр ореви
  • 100 гр суво грозје
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Јаболката исчистете ги и изрендајте ги, додајте шеќер по желба, цимет, ванилин шеќер, мелени ореви и суво грозје и сè убаво изедначете.
  2. Раширете ја првата кора, малку пропрскајте ја со масло, па ставете друга кора и неа пропрскајте ја па на врвот на кората ставете лажица фил, свиткајте во триаголник како што е прикажано во видеото.
  3. Редете ги триаголниците во тепсија намастена со малку масло па печете на 190 степени околу 35 минути. Во зготвениот шербет од 200 гр шеќер и 150 мл вода додајте кругови лимон, па прелијте ги врелите триаголници.

Послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед