Печивата од претходниот ден претворете ги во вкусни сендвичи кои ќе го направат вашиот ден уште поубав.
Првиот оброк во денот многу лесно може да ви стане омилен. Наместо класични сендвичи, подгответе чамци од леб, наполнете ги со павлака, салама, сирење и јајце.
Состојки:
- леб
- павлака
- салама
- сирење
- јајца
- магдонос
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Печивата преполовете ги, па издлабете ги долните делови, а поклопите исечете ги на долги парчиња. Издлабениот леб прво наполнете го со лажица павлака, потоа додајте ситно сечкана салама, а потоа посипете со сирење.
- На врвот скршете јајце па ставете во рерна на 180 степени додека јајцето не се испече. Парчињата леб кои ви останале пред печењето, премачкајте ги со маслиново масло и печете ги заедно со сендвичите.
- На крај посипете со сечкан магдонос и уживајте во совршениот доручек на наједноставен начин.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт