Брзо, едноставно и вкусно: Совршено меки палачинки

Брзо, едноставно и вкусно: Совршено меки палачинки

Американските палачинки стануваат популарни и кај нас. Овие палачинки се разликуваат од нашите по дебелината и големината.

Состојки:

  • 1,5 шолја брашно
  • 3,5 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 1/4 шолја млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

  1. Просејте го брашното, прашокот за печиво, шеќерот и солта.
  2. Во средина на брашното направете дупка па ставете млеко, јајце и растопен путер.
  3. Матете додека не добиете глатка смеса.
  4. Загрејте благо намастена тава и ставете од смесата.
  5. Печете од двете страни додека не поруменат и сервирајте.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта