Сарма на малку поинаков начин: Три врсти месо за неверојатен вкус!

Сарма на малку поинаков начин: Три врсти месо за неверојатен вкус!

Зимските денови се идеално време за јадења од кисела зелка…

Ви донесуваме рецепт за сарми – омиленото традиционално јадење, овој пат подготвено на малку поинаков начин.

Состојки:

  • 400-500 гр свински шницли
  • 200 гр скараџиски колбаси
  • 200 гр сланина
  • 250 гр суви ребра
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • црвена пипер
  • листови кисела зелка
  • зачин
  • мелен бибер
  • ловоров лист
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид. Шницлите исечете ги на ленти со ширина од 2 см па пропржете ги со кромид. Потоа додајте зачин, пипер, сечкан лук и мелен бибер.
  2. Издвојте листови зелка, па нанесете месо и малку кромид, потоа исечете парче колбас и лист-два сланина. Ставете во листот па свиткајте сарма. На дното на тенџерето ставете листови зелка, па сармите редете ги во тенџере.
  3. Во средина ставете суви ребра и ловоров лист, налијте со вода и ставете на тивок оган да се готват час и половина.

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text