Пита сеченица – Стар рецепт за вкусен старт на денот

Пита сеченица – Стар рецепт за вкусен старт на денот

Направете вкусна пита за добро утро. Рецепт кој сите ќе ги примами да седнат на трпезата пред работа, факултет или училиште.

Состојки:

  • 5 шолји брашно
  • 1/2 квасец
  • 3 лажички сол
  • вода
  • масло
  • 200 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Од брашното, солта и квасецот со малку вода се замесува тесто.
  2. Се дели на 10 топчиња, а потоа се оставаат кратко да нараснат.
  3. Секое топче се развлекува како кора, се спојуваат две кори, и на тој начин се добиваат вкупно пет кори.
  4. Секоја кора се развлекува и се става во тепсија која треба да биде подмачкана.
  5. Одозгора се става иситнетото сирење, па друга кора, па сирење, па кора…додека има кори и фил. По вкус, во филот можете да додадете и праз кој претходно ќе го пропржите.
  6. Се сече на коцки, тепсијата се премачкува со масло и се остава да стои половина час пред печењето.
  7. Се пече 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ова е тајната на совршена домашна пита: Тајната не е во корите, туку…

Брза пита со готови кори по најдобар рецепт