Овој чоколаден колач ќе ги воодушеви сите вистински љубители на чоколадо, а се подготвува за помалку од 15 минути.
Состојки:
- 120 гр путер
- 180 гр чоколадо
- 2 јајца
- 2 жолчки
- 1/2 шолја шеќер
- 1 лажица брашно
- 50 гр какао
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 250 степени. На слаб оган растопете ги чоколадото и путерот, а во меѓувреме разматете јајца, жолчки и шеќер.
- Кога чоколадото ќе биде растопено, спојте ги овие две мешавини и на крај додајте брашно и разматете.
- Калапите намастете ги и посипете ги со какао. Ставете ја смесата во калапите и печете во загреана рерна 6-8 минути.
- Оставете да се изладат пет минути пред послужување.
- Украсете со сладолед или посипете со шеќер во прав и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега