Кога ќе ги пробате овие крофни, секогаш ќе ги подготвувате на овој начин!
Состојки:
- 400-500 гр брашно
- 15 гр квасец
- 2 јајца
- 200 мл јогурт
- 100 мл млеко
- кора од лимон
- 1 лажица шеќер
- 50 мл масло
- сол
- масло за пржење
- 200 гр шлаг крем од ванила за фил
Начин на подготовка:
- Растопете квасец во млеко, додајте шеќер, јогурт, јајца, брашно, сол, кора од лимон, 50 мл масло и остатокот од брашното, потоа измешајте помеко глатко тесто.
- Оставете да нарасне 15 минути, размесете и вадете крофни со чаша. Покријте ги за повторно да нараснат и пржете ги во масло. Кога крофните ќе се изладат филувајте ги со разматен шлаг крем. Посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта