Ориз деликатес – Тајната е во зачинот

Ориз деликатес – Тајната е во зачинот

Направете ориз деликатес со зачини, навистина посебен ручек:

Состојки:

  • 200 гр моркови
  • 100 гр кромид
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажичка куркума
  • бибер
  • 1 чешне лук
  • 300 гр печурки шампињони
  • 4 шолји ориз
  • 4-5 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр кашкавал
  • малку магдонос

Подготовка.

  1. Се сече ситно кромидот заедно со морковот, па се пржат во тенџере со маслиново масло.
  2. Се додаваат лукот и зачините и се динста.
  3. Ставете ги и ситно сечканите печурки, па оризот и вода колку да се покријат состојките.
  4. Нека се вари 10 минути, па исклучете ја ринглата. Оставете го тенџерето поклопено со капак да отстои на исклучената рингла.
  5. Откако е сè готово, а оризот ќе ја впие водата, додајте одозгора ситно сечкан кашкавал и магдонос. Се сервира топло.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба со ориз

Вкусна крем чорба од ориз

Постои еден трик за да не се згусне оризот

Пита со ориз и праз

Направете кремава ориз салата

Салата од ориз и колбас

singlepost_text