Ако еден од омилените десерти ви се медените срца, ова е рецепт за вас.
Еве како да го направите:
Состојки за бисквит:
- 5 дл брашно
- 2 дл шеќер
- 4 дл млеко
- 5 лажици масло
- 2 лажици мармалад
- 1 лажичка сода бикарбона
Состојки за глазура:
- 100 гр чоколадо (по желба)
- 5 лажици мармалад
Начин на подготовка:
- Од состојките за бисквит се прави смеса и се додаваат две лажици мармалад. Сè се меша и половина од смесата се става на плех наросен со брашно. Печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени, па истото повторете го и со втората кора. Не го гасете шпоретот.
- Првата кора се премачкува со пет лажици мармалад, се поклопува со втората кора и се става пак да се пече дополнителни 10 минути.
- Одозгора можете да го прелиете со растопено чоколадо.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Повеќе десерти на Gotvi.mk:
На семејството му се јаде благо а вие сте уморни? – Брз десерт
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега