Направете вкусен чоколаден колач за пет минути. Ова е рецептот:
Состојки:
- 225 гр. темно чоколадо
- 225 мл. слатка павлака
- малку сол
- какао
- маргарин за премачкување
Начин на подготовка:
- Се премачкува плех со маргарин од сите страни, па му се става хартија за печење.
- Се растопува чоколадото на оган, а во друг сад се загрева павлаката, па и се додава прстофат сол.
- Се мешаат чоколадото и павлаката во ист сад додека да се соединат и растопат.
- Ставете ја смесата на плехот, израмнете ја, па добро оладете.
- Нека отстои 10 минути на собна температура, исечете и послужете. По желба одозгора декорирајте го со чоколаден прелив.
Уживајте во овој сладок вкус 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди