Ако сакате да изедете нешто навистина здраво, измешајте крушки и цвекло!
Цвеклото е богато со минерали, помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, додека крушките со минералите и витамините, содржат и многу билни влакна кои го подобруваат варењето.
Покрај тоа, крушките содржат и многу пектин, кој го намалува холестеролот и го стабилизира нивото на глукоза во крвта.
Состојки:
- 500 гр цвекло
- 50 мл балсамико оцет
- 1/2 лажичка бел бибер
- 150 гр крушки
- 40 гр желе од боровница
- 1 лажица скробно брашно
- 1 лажица шеќер
- малку сол
Начин на подготовка:
- Цвеклото измијте го, излупете го и исечете го на тенки парчиња. Во лонец ставете оцет, 1 дл вода, зачинете со сол и бибер, додајте цвекло и динстајте на слаб оган.
- Крушките измијте ги, излупете ги, одвојте ги коските и исечете на парчиња. Пред цвеклото целосно да омекне, додајте ги крушките и динстајте уште 10 минути.
- Пред сервирање, разматете скробно брашно со 2 лажици вода и желе од боровница, додајте во цвеклото и мешајте додека малку не згусне. По желба зачинете со уште малку оцет и бел бибер.
Добар апетит!
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи