Коцки кои се полн погодок за појадок – Посебно вкусни, не одземаат многу време

Коцки кои се полн погодок за појадок – Посебно вкусни, не одземаат многу време

Направете солени ленти или коцки кои денот ќе ви го направат повкусен.

Ова е рецептот за нив:

Состојки за кора:

  • 4 јајца
  • 1/2 павлака
  • 50 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 150 гр кашкавал
  • 150 гр Пекабеско шунка
  • 2 јајца
  • 1/2 павлака
  • 50 гр кечап

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со сол, павлака, брашното и прашокот за пециво. Смесата се става во подмачкан тркалезен плех, па се пече кората на 200 степени додека да порумени.
  2. Шунката и кашкавалот се сечат на коцки, јајцата се варат, па посебно се рендаат белките и жолчките.
  3. Се прави фил така што се соединуваат шунката, павлаката, белките и кашкавалот. Во филот можете да ставите и исечкани перца од зелениот дел на младиот кромид за вкус и изглед.
  4. Кората се сече на половина, едната се премачкува со филот, а со другата половина се поклопува.
  5. Горе се премачкува со кечап и се ставаат изренданите жолчки.
  6. Се лади и сече на ленти или коцки по избор.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал