Ви требаат 20 минути, а нема печење – Рецепт за сникерс бајадера

Ви требаат 20 минути, а нема печење – Рецепт за сникерс бајадера

Едноставен колач за кој ви требаат 20 минути од вашето време за подготовка. Нема печење, се мати и става во ладилник.

Ова е рецептот за сникерс бајадера.

Состојки:

  • 2 дл млеко
  • 400 гр шеќер
  • 350 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр кикирики (пола мелени, пола сечкани)
  • 600 гр мелена плазма

Состојки за глазура:

  • 100 гр маргарин или путер
  • 200 гр чоколадо

Подготовка.

  1. Во голем сад на шпорет се става млекото со маргаринот и шеќерот. Се меша и се чека сè да се стопи, па се трга смесата од рингла.
  2. Се става чоколадото и се меша да се растопи.
  3. Се додаваат кикириките и плазмата, па се меша додека убаво да се соедини.
  4. Голем плех се обложува со фолија, се истура смесата во него и се остава да се стегне.
  5. Се топи маргарин или путер, а потоа и чоколадото, па се става глазурата врз колачот.
  6. Нека отстои уште половина час во фрижидер, па исечете на ленти или парчиња во посакувана форма и послужете.

Уживајте во овој сладок вкус 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Посебни бомбици – од една смеса 20 топчиња

Домашно тоблероне со кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни