Ред компир, ред фил: Идеја за вкусен ручек со неодолива арома

Ред компир, ред фил: Идеја за вкусен ручек со неодолива арома

Направете нешто вкусно и необично за денешното мени:

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 4 варени јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 шолја Пекабела павлака
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица маслиново масло за готвење
  • малку путер
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Се вари компирот, па се лупи, а лукот и кромидот ситно се сечкаат. Се пржат кромидот и лукот на маслиново масло, па се тргаат на страна.
  2. Се соединуваат во сад павлаката со сенфот и зачините, пропржените кромид и лук, како и ситно сечканите варени јајца.
  3. Се меша и соединува. На овој начин добивате фил.
  4. Во огноотпорен сад ставете малку путер, па се реди варениот компир исечен на кругови, па фил, па повторно ред компири, па фил итн.
  5. Одозгора може да изрендате и кашкавал по вкус. Печете околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

singlepost_text