Обланди какви што не сте јаделе – Филот ги прави посебни

Обланди какви што не сте јаделе – Филот ги прави посебни

Направете вкусни обланди во вашата кујна со тиква. Навистина одличен рецепт особено за есен и зима.

Еве како да ги направите:

Состојки:

  • 2 обланди
  • 1 кг тиква
  • 100 гр сечкани бадеми
  • 500 гр шеќер
  • 1 лажица цеден сок од портокал
  • 1 дл вода
  • цимет

Начин на подготовка:

  1. Се ренда тиквата и се меша со шеќерот и водата, па се вари на тивок оган.
  2. Откако ќе се згусне тргнете ја настрана, па додајте ги циметот, бадемите и сокот од портокал.
  3. Сè измешајте, па премачкајте лист обланда со смесата.
  4. Потоа, горе над филот ставете друга обланда.
  5. Нека се стегне, исечете на коцки, па послужете.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни