Појадок кој може да го понесете и на работа – Нов проја рецепт

Појадок кој може да го понесете и на работа – Нов проја рецепт

Ако денот по утрото се познава, овој ден ќе ви биде одличен. Направете вкусна проја со тиквички и морков.

Супер комбинација за почеток на денот, за брзо јадење на работа или за мезе.

Состојки:

  • 400 гр тиквички
  • 100 гр моркови
  • 1 зелена пиперка
  • 250 гр сирење
  • 4 јајца
  • 300 гр пченкарно брашно
  • 100 гр гриз
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка бибер
  • 50 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Излупете и изрендајте ги тиквичките и морковите, како и пиперката.
  2. Во садот со рендан зеленчук додадете сол и бибер, јајцата, гризот, брашното, маслото и изронето сирење.
  3. Сè убаво соединете со мешалка.
  4. На тепсија ставете малку масло и брашно, па ставете ја смесата. Нека се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.
  5. Проверете дали е готова со чепкалки за заби: ако излезе чепкалката сува, пројата е готова.
  6. Исечете коцки, а одлично е во комбинација со павлака или кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

singlepost_text