Необична салата од ориз и колбаси

Необична салата од ориз и колбаси

Оваа салата има многу богат вкус, а можете да ја послужите и како лесен оброк!

Состојки:

  • 150 гр ориз
  • сол
  • 2 големи пиперки
  • мало јаболко
  • 200 гр колбаси Пекабеско
  • млад кромид
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажичка лутеница
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе го оризот. Исчистете ги пиперките. Излупете го јаболкото и исчистете го од семки. Исечкајте ги јаболкото, пиперките и колбасите. Процедете го оризот, оставете да се излади и измешајте го со подготвените состојки.
  2. За прелив ситно исечкајте кромид, па измешајте го со јогурт, лутеница, малку сол и бибер. Прелијте преку салатата и добро измешајте ги сите состојки.
  3. Ставете ја салатата во фрижидер на 30 минути за состојките да го впијат вкусот на преливот. Сервирајте по желба украсена со зачински билки, кругови млад кромид или лута пиперка.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text