Еден турски рецепт за сите љубители на ориентални вкусови…
Состојки:
- 750 гр мелено месо
- 2 главици кромид
- 2 парчиња леб без кора
- 1 јајце
- магдонос
- 1 лажичка кумин
- 2 лажички сол
- путер за пржење
Начин на подготовка:
- Натопете го лебот во вода и исцедете па издробете го во чинија.
- Додајте ги останатите состојки и сè добро измешајте.
- Обликувајте топчиња и пропржете ги од сите страни на загреан путер додека не попримат смеѓа боја.
- Послужете го ќофтето со свеж зеленчук, помфрит и чили пиперчиња.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна